Радомир Беловиќ (21) од Равни Тополовац е еден од повредените во стравотниот масакр во Житиште. Кобниот ден се здобил со прострелни рани во двете нозе и е сместен во болницата во Зрењанин.
Во неговиот дом била само бабата Драгиња, која низ солзи рекла дека не може да верува што се случило.
Таа кобна вечер со Радомир во кафулето била и неговата сестра Јелена, која, исто така, е во болница поради претрпениот шок.
Според зборовите на бабата, таа вечер сите седеле во кафулето кога одеднаш се слушнало пукање. Кога Јелена се свртела, Радомир лежел во вир од крв, а недалеку од него била неговата крвава патика. Брзо му притрчале на помош две лица, кои ги извадиле ремените од панталоните и му ги подврзале нозете на Радомир.
Тој е еден од првите што е префрлен во болницата во Зрењанин.
Бабата е среќна што нејзиниот внук преживеал затоа што само чудо го спасило од пукотниците што одзедоа пет човечки животи. Во неговото место уште три семејства беа погодени од трагедијата, нивните деца сè уште се во болница по страшниот масакр на 2 јули.