Рај во Швајцарија – за секој жител по 2.000 € месечно


Во Швајцарија неодамна заврши собирањето на потписи за иницијативата – секој возрасен жител на државата, без оглед дали има има работа или не, да добива месечно универзален приход во износ од 2.500 франци -2029 €

shvajcarijaЗа оваа иницијатива во Швајцарија од април минатата година се започнало со собирање на потписи, а дале поддршка над 130.000 луѓе, пишува Indikator.ba. Според таа иницијатива, оној што заработува над 5.000 франци во иднина ќе добива 2.500 франци универзален приход и 2.500 франци плата.

„Со нашата иницијатива сакаме да го промениме размислувањето во професионалниот свет, кој премногу се концентрира на профит. Универзалниот приход ќе им овозможи на луѓето да бараат работа што ќе ги задоволува, без оглед на тоа колку добро или лошо се платени за неа“, изјавил економистот Даниел Штрауб за швајцарското списание “20minit”, кој всушност ја покренал иницијативата.

Прашањето за тоа како ќе се финансираат овие приходи останува отворено, бидејќи пресметката вели дека за него се потребни околу 200 милијарди франци годишно. Делумно ќе се финансира од сумите што ќе се заштедат кај социјалните трансфери, а делумно и од данокот на потрошувачите.

Иницијативата е поддржана и од Швајцарските синдикати, кои веруваат дека со универзалниот приход ќе се зајакне позицијата на вработените, кои работното место ќе го бираат со помал економски притисок.

На прашањето зошто таква иницијатива има толку многу поддршка во една од најбогатите земји во светот, експертите велат дека Швајцарија се рангира меѓу земјите каде во последните 20 години најмногу се зголемила социјалната нееднаквост.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1