Ракети долги 1.5 метри се најдени во авион кој долетал во Белград од Бејрут.
На аеродромот Никола Тесла се најдени 2 ракети со експлозивно полнење, кои се транспортирани од Бејрут преку Белград и Лондон, за Портланд во Америка. Ракетите се наоѓале во сандаци и имале пропратна документација, и согласно редовната процедура се истоварени од авионот, но полициски кучиња го надушкале експлозивот.
Сандаците се обезбедени, извршен е увид и се проверува документацијата.