Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, побара пратеничката Наташа Савова да поднесе оставка, откако таа, наводно испровоцирана од пишувањата на „Дневник“ дека не се наоѓа на листата на лидерот Зоран Заев, на својот профил на Фејсбук, напиша: „И да ме поканите, одбивам да бидам на листата на екипа која е канцерот на СДСМ“. Савова нагласи дека фразата „канцерот на СДСМ“ е цитат на успешен министер од времето кога СДСМ победувал.
„Ако е тоа нејзиниот став, тогаш имаме да изјавиме две работи. Прво, срамно е човек кој е избран за пратеник од членови поддржувачи на Социјалдемократскиот сојуз, во време кога партијата и задава сериозни удари на власта, да ја напаѓа својата партија и така, всушност, да одработува за интересите на власта. Второ, сметаме дека доколку таа навистина тоа го мисли, единствено решение е да си поднесе оставка на функцијата пратеник на СДСМ во Собранието“, рече Шилегов.
Plus Info