Рама: Албанците во Македонија не треба да бидат алиби за конфликт


Премиерот на Албанија, Еди Рама коментирајќи ги последните настани во Македонија изјави дека во борбата за власт, како алиби биле вклучени Албанците. Рама ги повика Албанците на мир и трпение во овие тешки услови со цел да не се дозволи тие да бидат искористени како алиби за конфликт, пренесе телевизија „Алсат-М“.rama

-Имаме право да ги потсетиме нашите соседи Македонци дека би сакале многу Албанците во Македонија кои не се малцинство, туку се државотворно население, да ги уживаат почитта, слободите и правата рамноправно со Македонците. Ние сакаме стабилна Македонија, демократски и економски развиена, бидејќи ние сакаме Македонија да биде пример на хармонија меѓу соседите и да биде место каде ниеден Албанец не се чувствува како граѓанин од втор ред.

Повторениот повик за мир, трпение и за што повеќе волја и во овие тешки услови за да не се вклучиме во политички конфликт и да не дозволиме Албанците да се наведуваат како алиби за тој конфликт е израз на нашата голема желба Македонија да ја надмине оваа криза која продолжува да ескалира, каде за жал, во борбата за власт Албанците се вклучија како алиби – изјави Рама

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1