Рама му порачал на Тачи да не доаѓа на мечот Албанија-Србија


Премиерот на Албанија Еди Рама му порачал на заменик косовскиот премиер Хашим Тачи да не доаѓа на натпреварот Албанија-Србија, кој во четврток ќе се одигра во Елбасан.

Рама, како што наведуваат албанските медиуми, на ваков начин се откажал од Тачи поради евентуалното присуство на српскиот премиер Александар Вучиќ.ramarama

Рама и Вучиќ најавија дека заедно ќе го гледаат натпреварот но српскиот премиер сеуште не решил, поради најавата на Тачи, дали ќе пристигне на натпреварот Елбасан.

„Најважната цел на премиерот Рама е натпреварот да протекне без ниту еден инцидент. Втора негова желба е натпреварот да го гледа во друштво на српскиот премиер Вучиќ“, наведуваат албанските медиуми.

Тачи претходно најави дека ќе го гледа натпреварот од проста причина што најголем дел од фудбалерите кои играат за Албанија се Албанци од Косово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1