Некогашните погодоци на Арон Рамзи, за краток период ги испрати на оној свет Витни Хјустон, Стив Џобс, Осама Бин Ладен, Моамер Гадафи. „Проклетиот“ Велшанец стрелаше прецизно уште еднаш…
Велшанецот беше стрелец на нов погодок за Арсенал во мечот со Олимпијакос 3:1.
Резултатски ништо страшно. Но, по се изгледа ова наговестува дека некоја позната личност ќе биде „скината“ многу набрзо. Во минатото кога Рамзи погодуваше, некоја славна личност си заминуваше од овој свет.
Така Рамзи со своите погодоци ги испрати легендарната Витни Хјустон (11 февруари 2012), првиот човек на компанијата „Apple“, Стив Џобс (5 октомври 2011), најозлогласниот терорист Осама Бин Ладен (2 мај 2010), контроверзниот лидер на Либија, генералот Моамер Гадафи (20 октомври 2011)…
Кој е следен???
Хјустон почина истиот ден кога Рамзи погоди. Бин Ладен е убиен следниот ден, Гадафи го „скинаа“ 20 часа подоцна, додека Џобс почина три дена подоцна… Ова донекаде ја побива ваквата несекојдневна коинциденција, но може да значи и само предупредување за „славните“ во наредните неколку денови.
Ќе го следиме случајот…