Ранета 20 год девојка во Тетово – љубовникот фатен пред да се самоубие


Дваесетгодишната Р.Д. од тетовско Јажинце се здоби со две влезни рани во пределот на плешката откако врз неа со огнено оружје, најверојатно пиштол, пукал нејзиниот љубовник С.Х. (26) од Џепчиште, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, јави МИА.

tetovo bolnicaИнцидентот се случил нешто пред 16 часот на паркигнот пред маркетот Веро во Тетово, а С.Х. бил фатен во Скопје каде што се обидел да изврши самоубиство. Неофицијално кај него нашле проштално писмо.

Повредената девојка била префрлена во Клинчката болница во Тетово од каде веднаш била препратена на скопските клиники.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1