Попладнево во вооружен напад е ранет познатиот скопски адвокат Игнат Панчевски. Од зaсега непознато лице тој е застрелан со еден куршум во левата потколеница, јавува Телма.
Нападот бил извршен додека тој бил во својот автомобил, а по ранувањето Панчевски самиот успеал да се превезе до Градската болница каде побарале лекарска помош.
Полицијата вршеше увид на местото на нападот и засега не се знае дали полицијата има сознанија за напаѓачот, дали можеби се работи за незадоволен клиент, или пак, дали некој е приведен.
Според информации на прес24 – уште неофицијални информации кои кружат низ скопски Бутел, адвокатот му ветил на напаѓачот дека ќе му „среди“ работа во врска со некој предмет за кој веќе биле активирани извршители. Откако адвокатот не ја завршил работата, напаѓачот пукал во него и го ранил.
Фото А1Он