Рангелова: Ни треба чекорење напред, а не прочистување


Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме.
Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано“, порача Даниела Рангелова.„Проевроатлански ориентирано а не изолирано!
Ни треба разум и храброст а не очај и паника!
Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување!
Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното!
Ни треба зајакнување а не недоверба!
Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност!
Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност!
Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството!
Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ!
Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност!
Честит 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!“ напиша Рангелова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1