Раскинал со девојката и запалил три стана во нејзината зграда


Револтиран од кавгата со девојката, 31- годишен Белграѓанец го запалил станот во зградата на Нов Белград во кој таа живеела. Пожарот се проширил на неколку стана на четвртиот кат од зградата, па во потполност изгорел цел едно и пол собен стан, а на уште два огнената стихија им предизвикала сериозни оштетувања.Screenshot_41

За среќа, бргу интервенирала противпожарната единица која со седум возила и 23 пожарникари за помаку од еден час успеала да го локализира.

Во пожарот настрадале шест лица од кои три се задржани на болничко лекување.

Полицијата успеала да го фати „заљубениот“ пироман.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1