Распаднат човечки труп пронајден во кичевско


Вчера околу 13. 10 часот во Полициско одделение – Осломеј, А.О (43) од село Падалиште-Кичево пријавил дека во месноста викана „Бериковски камен“ атар на село Бериково- Кичево, пронашол човечко тело во распаѓање.

Увид на лице место извршиле Основното Јавно Обвинителство и екипа од Полициската станица Кичево, по што по наредба на Јавен обвинител телото е пренесено во Општата болница-Кичево, каде е извршена идентификација и било констатирано дека се работи за Р. Р (59) од село Долно Строгомиште, кој на 05.03. годинава бил пријавен за исчезнат.

Телото е оставено во Јавната здравствена установа – Општа болница-Кичево за обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1