Распишан тендер за плоштадот „ВМРО“


Градот Скопје забрзано работи на реализација на неодамна вцртаниот плоштад „ВМРО“ кој ќе биде лоциран пред новото седиште на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ кое моментално се гради во центарот на градот.

plostad VMROОбјавен оглас за избор на градежна компанија што ќе го изведе овој проект, чија вредност е проценета на 88.983.050 денари или над 1,4 милиони евра, без вклучен ДДВ. Покрај изградбата на плоштадот со површина од 681 метри квадратни, градската власт планира на оваа локација да постави нова фонтана и спомен – обележје. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди најдоцна до 3 март.

Паралелно со распишувањето на тендерот, скопската фирма „Факом“ во моментов го подготвува основниот проект за плоштадот „ВМРО“, за што веќе се одвоени 952.260 денари. Од општина Центар во неколку наврати најавија дека пред да започне изградбата на овој јавен простор, тие треба да издадат одобрение за партерно уредување на плоштадот.

Build.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1