МВР на барање на Судот распиша меѓународна потерница за тројцата осомничени во случајот Шпион. На сите тројца Истражниот судија им одреди мерка притвор во отсуство.
Меѓу нив е и уредникот на порталот Буревесник, Зоран Божиновски. Тој преку социјалните мрежи рече дека нема сам да се предаде и дека ќе чека да биде екстрадиран од земјата во која се наоѓа.