Распродажба на „проколнати“ станови


Станови во Хонг Конг во кои се случила насилна смрт, се продаваат по многу пониска цена. Колку приказната е поморбидна, толку цената е пониска, пишува францускиот весник Фигаро.

Цената на овие „проколнати“ станови е поевтина за 10 до 20, а на некои и за 50 отсто.hong-kong

„Кинезите веруваат дека „проколнатите“ станови, носат несреќа“, велат од агенциите за недвижности во Хонг Конг за Блумберг.

Моментално се нудат 190 такви станови, во кои се случило самоубиство на адолесцент, убиство на трудница, самоубиство на 100-годишник…

Недвижностите во Хонг Конг се најскапите на светот и во просек чинат по 77.040 евра за метар квадратен. Просечната цена пак за изнајмување стан во Хонг Конг се движи околу 1.500 евра.

Поради вртоглавите цени, агенциите се досетиле како да ја намалат цената барем на некои станови, а ова е една од тие идеи. По препорака на агентите, новите сопственици прет да се всела практикуваат неколку сеанси фенг шуи за прочистување на становите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1