Расте Дојранското езеро


Десеттина нови сантиметри само за едно деноноќие доби Дојранското езеро, што не се случило дваесеттина години наназад, покажуваат првичните информации од хидрометеоролозите, по вчерашните врнежиDojran-9

Во изминатите 24 часа, според Управата за хидрометеоролошки работи во Дојран наврнале 40 литри на метар квадратен воден талог, со што нивото на езерото се искачи на кота од 145,77 метри надморска височина и во моментот е за 27 сантиметри повисоко од просекот за јануари.

Езерото во изминатите денови постојано расте висински, за разлика од Охридското и Преспанското езеро кои се под месечниот просек.

Знаејќи дека котата на езерото во 1988 година кога почна испуштањето на вода кон грчка страна изнесуваше плус 120 сантиметри од нултата кота (144.93 м.н.в.), со последните измерени вредности, на Дојранското езеро му недостигаат само уште 30-тина сантиметри за дојде до ова ниво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1