Пред извесно време, јавноста на нож ја дочека ѕвездата на „ Twilight“ Кристен Стјуарт која на дело беше фатена како го изневерува колегата Роберт Патисон со женет режисер.
Иако следеа јавни извинувања од нејзина страна, сепак Патисон реши да не и прости и се исели од нивниот заеднички дом. Ваквата неправда што Стјуарт му ја нанесе на Патисон посебно растревожи една млада Британка која реши нејзиниот револт да го објави на YouTube.
Девојката е толку бесна на Стјуарт што во текот на целото видео не може да се воздржи и буквално облеана во солзи и се дере на познатата актерка велејќи и „Како можеше да го сториш ова, што мислеше дека ќе постигнеш. Како можеше да испаднеш толку глупава?…..Да го сакаше вистински, немаше да го сториш ова. Па и колку може да си глупава да дозволиш да те фотографираат?“
Младата Британка си кажа се’ што и лежи на душа и видеото го постираше на најпознататиот видео канал YouTube.
Погледнете колку е лута и гневна девојката :