Ратајкоски: Го следиме „Пуч“, но нема да бидеме гласило на СДСМ


Првиот програмски сервис на МТВ донесе одлука да ги следи сите прес-конференции на опозицијата, особено оние поврзани со случајот „Пуч“ и да информира за истите, но не и да се претвори во гласило на опозицијата и нејзините обвинувања за криминал, за кои претстои судска разврска и препорака на Јавното обвинителство, вели главниот и одговорен уредник на првиот програмски сервис на МТВ, Диме Ратајкоски за ДНЕВНИК.

mtv zgrada

– Едно е да се даде информација за настан, а друго е да се бара „повеќе од информација“, која допрва треба да влезе во судска сала. Има нешто што се нарекува уредувачка политика на куќата, без разлика дали таквата одлука им се допаѓала или не на поединци, група граѓани или политички субјекти. Уредниците и новинарите во јавниот сервис имаат една единствена должност што мора да ја почитуваат, информирањето, но не и коментирање и навлегување во детали на настани што може негативно да влијаат врз целокупната состојба во државата, вели Ратајкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1