Разбеснети работници го запалиле газдата и неговата жена


Околу 700 работници го обиколиле бунгаловот во кој биле газдата на плантажата Мридул Кумар Батачари и неговата сопруга Рита и го запалиле во знак на протест откако некои од нив биле „замолени“ да го напуштат сместувањето. 

rabotnici besni
Инцидентот се случил во средата вечер во Кунапатар во државата Асам. Полицијата потврдила дека изгорените тела се на Кумар и на неговата сопруга. Запалени биле и две возила, сопственост на несреќниот Кумар.

Газдата две недели бил во спор со работниците и имал проблем со надничари од соседниот имот, кој претходно бил во негова сопственост.

Работниците го запалиле бунгаловот откако Кумар, наводно, пукал во нив кога протестирале пред неговата куќа. Приведени се тројца работници.

Канал 5

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1