Разбојникот од Стопанска банка вон животна опасност, полиција го чува во болницата


Четириесет и три годишниот скопјанец А.М. е лицето кое попладнево изврши разбојништво во филијалата на Стопанска банка во Ѓорче Петров.

Foto - Facebook

Foto – Facebook

По грабежот, А.М. избегал со автомобил „Цитроен“ во правец во Карпош, но кај мостот Влајко бил пресретнат од „Алфите“. Скопјанецот вооружен со пиштол почнал да пука кон нив, на што полицијата возвратила.

Набрзо А.М. го запрел автомобилот и со возило на Брза помош, поради добиените повредите бил пренесен во Ургентниот центар, но се наоѓа надвор од животна опасност. А.М. е под силно полициско обезбедување во болницата.

Во меѓувреме, се уште трае увидот на полицијата кај мостот Влајко, како и во филијалата на Стопанска банка. Меѓу останатите предмети од лице место подигнато е и оружјето на А.М.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1