Раздвоени досега најмладите сијамски близнаци


Швајцарските лекари објавија дека ги раздвоиле сијамските близначки Лидија и Маја кои биле споени со црниот дроб и градниот кош., стари само осум дена и досега најмлади.

Швајцарските медиуми  пренесуваат дека лекарите планирале да ги раздвојат кога ќе наполнат неколку месеци, но се решиле за итна операција бидејќи биле загрозени животите на девојчињата. Шансите за успех на операцијата биле помалку од еден отсто.bliznaci sijamski

Девојченцата се родени осум седмици пред терминот во болницата во Берн, заедно со третото бебе кое било одвоено и сосема здраво. Заедно тежеле само 2,2 килограма, едното имало многу висок крвен притисок и премногу крв, а другото немало доволно.

Тринаесет лекари пет часа ги оперирале девојченцата на 10-ти декември минатата година. „Толку мали сијамски близнаци никогаш претходно не се успешно раздвоени“, соопшти болницата.

На девојченцата со дополнителни операции им се затворени стомачните ѕидови и заздравуваат на одделот за интензивна педијатриска нега. Од болницата соопштија и дека тие се и натаму многу мали, но оти добро закрепнуваат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1