Разгалената Адел го малтретирала персоналот на хотелот поради парче пица (ФОТО)


Британската поп-ѕвезда Адел направила сериозен метеж кога од персоналот во лускузниот хотел побарала да ѝ донесат пица од ресторанот оддалечен 112 км од Лондон, пишува британски „Сан“.adele-map-e1468093628888

Меѓутоа, ништо не би било толку необично во барањето на Адел доколку персоналот на хотелот не ја добил нарачката од разгалената ѕвезда неколку часа откако официјално работното време на пицеријата истекло. Како што пишува „Сан“, иако менаџерите на хотелот ја убедувале Адел дека нивната кујна е во рангот на најдобрите, поп-ѕвездата останала непопустлива во желбата да изеде парче пица од својата омилена пицерија во Кенсингтон.adel

На крајот, персоналот на хотелот морал да ги исполни барањата на ѕвездата, па храната по четири часа од нарачката пристигнала на адресата на хотелот. И токму кога приказната требало да добие среќен крај, Адел заборавила на својата нарачка и едноставно заспала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1