Разговорот на пучистите: „Собраната маса народ разбијте ја со оган!“ ТРАНСКРИПТ


Офицерите на турската војска блиска на организацијата ФЕТО/ПДЈ за време на неуспешниот обид за државен удар во петокот се координирале со посредството на мобилната апликација „WhatsApp“ а обвинителството во Анкара со анализа на мобилните телефони на приведените пучисти ги дешифрирал сите пораки кои си ги разменувале, јавува Анадолија.

Пораките содржат директни наредби пучистите да отворат огин на сите на кои ќе им се спротивстават, а на крај и план за бегство.vojnici-1

Анадолија објавува дел од пораките:

Потполковник Музафер Дузенли: Повторена наредба. Проследувам, собраната маса народ разбијте ја со оган.

Полковник Узај Сахин: Возвратите со оган, не дозволувајте да се приближат.

Полконвик Муслум Каја: Се приближуваат кон АКОК. Нашите пријатели пукаат.

Мајор Мехмет Карабекир: На терен сум, пукам во масата и чекам. Продолжите со оганот, се разотидоа. Има околу 10 до 15 дрски лица. Не ја губите иницијативата.

Полковник Муслим Каја: На Таксим фрлија солзавец и ништо не се гледа. Пукаа во резервоарите на возилата кои се движеа кон Таксим. Застана возилото.

Мајорот Муамер Ајгар: Жестока борба се води во Кулелуј. Пукаме на групата.

Полковник Муслим Каја: Ситуацијата во Таксим е критична.

Потполковник Музафер Дузенли: Се разотиде мастата на која пукавме, сега Алах нека ни е на помош.

Полковник Муслим Каја: Над Таксим летаат авиони кои синоќа отидоа на испомош во Бешикташ.

Пучистите во првите часови на државниот удар со тенкови го блокираа Мостот на Босфор и Мостот Султан Ахмет во Истанбул. Во моментите кога ја губеа контролата над мостовите ги прашувале водачите дали да нападнат од небо и да ги срушат градбите кои се симбол на Истанбул и Турција воопшто.

Потполковник Мусрафа Дузелни: Благодарам пријатели, во Анкара и во Истанбул се заземени многу цели. Во ТРТ е прочитан проглас. Продолжуваме исто. Остро одговорите на секој кој ќе ви се спротистави. Тоа е наредба.

Полковник Узај Сахин: Ирфан, ако може одите на Таксим.

Капетан Мехмет Турк: Ни се приближува голема група.

Потполковник Угур Чоскун: Полицијата и народот се заедно. Повикуваат да се предадеме кај зградата на гувернерот. Ни треба помош. Немаме доволно сила.

Потполковник Музафер Дузенли: Единиците мора да ги чуваат аеродромите и трговските центри, нема повлекување.

Мајор Махемт Карабекир: Пукајте лево-десно, по аеродромот Сабиха Гокчен, имаме проблем таму. Народот нека не биде проблем.

Мајор Муамер Ајгур: Убивме четири лица кои пружаа отпор. Нема проблеми.

Полковник Угур Чоскун: Персоналот е вознемирен по веста дека началникот на Генералштабот е заробен. Може да преземеме нешто?

……..

Потполковник Угур Чоскун: Полицијата го користи народот против нас, може ли помош од авионите?

Полковник Узај Сахин: Пријатели, се е по планот. Мора да ги замолчиме овие телевизии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1