Разоткриени офшор сметките на Путин во Панама, има над 2 милијарди долари!


Протекоа 11.5 милиoни документи од панамска фирма, кои откриваат како светските богаташи кријат пари.
Правната фирма Мосак Фонсека открива дека децении на неказнивост им помогнаа на клиентите да перат пари и да се избегне данок.

Мрежата на тајните офшор договори и високи кредити во вредност од две милијарди долари доведе до Владимир Путин. Податоците кои се објавуваат, покажуваат дека парите се од најтесниот круг на луѓе на рускиот претседател.
Иако името на рускиот претседател не се појави во некој од документите, податоците покажуваат дека постои шема: неговиот пријател има милиони работни места, кои се чини дека не можат да поминат без покровителство на Путин.
Документите покажуваат дека семејството на Путин има корист од овие пари.putin 444

Синџирот почнува во Панама оди преку Русија, Швајцарија и Кипар, и вклучува приватно скијалиште, каде што помладата ќерка на Путин се венчала во 2013 година, пренесува Танјуг.
Документите од Панама обрнуваат посебно внимание на најдобриот пријател на рускиот претседател Сергеј Ролдугин, кој Путин го запознал со неговата поранешна сопруга, Људмила, и беше кум и неговата постара ќерка Марија.
Добиените податоци откриваат синџир за перење пари, кој е раководен од Централната банка на Русија, која е под санкции на САД и Европската Унија по руската анексија на Крим.

Претставници на Министерството за финансии на САД изјавија на крајот на јануари за БиБиСи, дека рускиот претседател Владимир Путин е корумпирани и дека американските власти се свесни за тоа „многу години”.

„Видовме како се богатат неговите пријатели, блиски соработници и како ги маргинализира оние кои не ги гледа како пријатели, ги користи државните ресурси. Без разлика дали тоа е руското енергетски богатство, или други владини договори“ – вели Адам Зубин, кој го надгледува извршувањето на санкциите на Министерството за финансии на Русија во САД.
Портпаролот на Путин го негираше ова, велејќи дека „не треба одговор на било кое од овие прашања, бидејќи тие се чиста фикција”.

Документи има и за сегашните и поранешните светски лидери, вклучувајќи го и долгогодишен претседател на Египет, Хосни Мубарак, и сирискиот претседател, Башар ал-Асад, со нелегални финансиски трансакции.

Гардијан објави дека еден од светски познатите политичарии, чии информации за сметки станаа достапни за јавноста е и рускиот претседател Владимир Путин. До него, како што објави Гардијан, водат сметки преку други лица на кои има скриено имот вреден 2 милијарди долари! Објавени се информации за сметки во офшор компании на 12 светски лидери и 143 политичари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1