Разрешница на мистерија стара половина век: „Јас го убив Џон Кенеди“ (ФОТО+ВИДЕО)


Испалив само еден куршум. Го погодив и му ја разнесов главата.

Џејмс Фајлс (72), платен убиец на мафијата од Чикаго и ветеран од Виетнамската војна, тврди дека тој го испукал куршумон кој во 1963 година во Далас го усмрти американски претседател, Џон Ф. Кенеди.kenedi

Фајлс во затвор е веќе 36 години и наскоро треба да излезе, а за време на затворските денови тој водел разговор пред камера со холандскиот режисер Вим Данкбаар, во кој тој го признава убиството врз Кенеди.

Тој вели дека постоел таен договор меѓу мафијата и ЦИА да се убие Кенеди. Поради тие тврдења би можел да биде повикан да сведочи во Вашингтон.kenedi3

Фајлс после исфрлањето од војската им се придружил на криминалците во Чикаго и станал десна рака на Чарлс Николети, а ЦИА наводно ги повикала мафијашите да го убијат Кенеди. Тврди дека се здружил со поранешниот маринец Ли Харви Освалд (24), и заедно барале позиции во Дили Плаза, каде работел Освалд.

На денот на атентатот, рано наутро, Фајлс се придружил на својот шеф Николети, кој ја држел снајперската позиција со мафијашот Џони Росели, на зградата Далтекс во близина на архивата на книги. Тој ја презел позицијата како резервен стрелец.

Неговата задача била да пука во главата на Кенеди, во случај тој да не биде застрелан на време кога поворката ќе се појави во неговиот видик.

-Испалив само еден куршум. Го погодив и му ја разнесов главата, вели Фајлс за режисерот Данкбаар

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1