Реџепи: Повлекувањето на оставката на Заев ме предомисли


Пратеникот Кастриот Реџепи на денешната прес-конференција објасни што се случувало со него изминатите неколку денови, откако во четвртокот тој не се појави да гласа за недоверба на Владата на Македонија.

Тој рече дека имало одредени притисоци врз него изминатиот период и за тоа има пријава кај надлежни институции.
-Во текот на денот добив пораки, кои се пријавени во соодветни институции. Тоа се порака за закани по живот и поради тоа, имам обезбедување, не на мое барање, рече Реџепи.

Првично размислував да дојдам на седницата за гласање недоверба на Владата и да гласам против, но откако видов дека владејачкото мнозинство нема да биде присутно сфатив дека ќе бидам единствен пратеник на седницата кој ќе гласа против, истакна денеска на прес-конференција пратеникот Кастриот Реџепи.

-Требаше да бидам единствениот кој гласа против нешто, против една еуфорија која толку брзо се одвиваше како филмска лента, јас не бев сигурен за мојата безбедност и интегритет, дека нема да бев цел на вербални напади, а да не зборувам и на физички, рече Реџепи.

Тој појасни дека самоволно се засолнил за да не дозволи на бранот на резултатите од локалните избори земјата да ни отиде во спротивен правец од неговите убедувања.

Не е лесно да имаш суштински разлики во ставовите со твоите сопартијци. Но кога твоите сојузници од Вашингтон и Брисел ти велат дека Северна Македонија има неповторилива шанса да ја започне својата нова европска приказна тогаш и срцето и умот ти велат: Да, Кастриот, некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината. Овој пат, тоа си ти. Верувам дека се можни мостови меѓу нас, различните од демократскиот блок и јас ќе се обидам да бидам еден од тие мостови. Сметам дека сега за земјата е најважно смирување, стабилизација, фокус на решавање на проблемите на нашиот народ, на пандемијата, на енергетската криза и секако почеток на преговорите со ЕУ, рече Кастриот.

Кастриот Реџепи вели дека со повлекувањето на оставката на Заев и преименувањето на одлуката за Желино се предомислил и решил да не гласа за Иницијативата за недоверба на владата.

-Кога премиерот Заев ја одложи оставката, кога Желино не беше прегласано и кога ги имавме сите овие информации, јас како Кастриот Реџепи не можев со моја рака да дозволам да пресудам. Доколку господинот Заев останеше во оставка во тој случај јас немаше да размислувам, вели Реџепи.

Пратеникот Кастриот Реџепи на денешната прес-конференција на новинарско прашање дали би преминал во ДУИ одговори не може да помине во ДУИ додека е член на Движењето БЕСА.

-Не може да одам во ДУИ додека сум член на Движењето БЕСА. Сакам да разговараме за партиски прашања во партиските тела, а не да се прикажувам преку медиумите. Тука сум да произведувам конкретни дела, а не да се занимаваме меѓу себе. Овој чин сакам да го појаснам на партискиот форум, рече Реџепи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1