Реакции во Србија и Хрватска на инцидентот на Шешељ: Од осуда, до релативизација


Српскиот државен врв остро го осуди вчерашниот инцидент што го предизвика лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ во Собранието на Србија, газејќи го знамето на Хрватска и пцуејќи ја и навредувајќи ја хрватаската парламентарна делегација.

Српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека таквото однесување е „нешто недопустливо“ и дека тоа е „лоша порака што се праќа до народ“.

Тој меѓутоа забележа, дека „Србите и во тоа се разликуваат од Хрватите“, нагласувајќи дека пред и по неговата посета на Хрватска „и во Загреб беа запалени неколку српски знамиња“

– Хрватски пратеник ме бркаше по улици и ме нарекуваа четник, по што јас сепак не ја прекинав посетата, нагласи Вучиќ.

На оваа изјава реагираше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој нагласи дека очекува Србија строго и недвосмислено да го осуди вчерашниот инцидент со Шешељ и дека продолжувањето на односите со Србија ќе биде „во контекст на таа осуда“.

Претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ пак изјави дека официјален Белград го „релативизирал инцидентот“.

– Може да се полемизира со начинот на кој тие го осудија овој настан, бидејќи се обидоа да го релативизираат, изјави Јандроковиќ.

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор оцени дека Србија „не ги презела сите мерки за да го спречи инцидентот со Шешељ“ и дека српскиот претседател Вучиќ во неговата оценка го „релативизирал настанот“.

Во врска со инцидентот денеска се огласи и самиот Шешељ, кој најави дека на 6 мај ќе одржи митинг во местото Хртковци во Војводина, каде ќе држи говор, исто како и пред 26 години, кога по неговиот настап мнозинското хрватско население во местото беше малтретиранио и протерано од Србија. За ова, според правосилната судска пресуда во Хаг, Шешељ е осуден за воени злосторства на 10 години затвор.

Во полемиката за инцидентот на Шешељ и највата за негови нови акции, се вклучи и српската опозиција. Пратеникот на Демократската партија (ДС), Балша Божовиќ изјави дека ако државните власти не го забранат најавениот митинг на СРС во Хртковци, неговата партија ќе биде принудена тоа да го стори сама и да ги заштити луѓето на кои „Воислав Шешељ повторно им се заканува со насилство и протерување“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1