Реакција на кумановските бранители од 2001 година: Не сме заборавиле да пукаме!


Кумановските бранители остро ги осудија последните провокации од страна на Албанците во Македонија по повод прославата на албанското знаме и повиците на радикалните структури за остварување на сонот за „Голема Албанија“, пишува Мкд.мк

 

Во писмената реакција Здружението на бранителите од 2001 година вели:

„Со сета почит кон чувствата на етничката заедница на Албанците, по повод нивната прослава од 100 години независна албанска држава, ние кумановските бранители, најостро и со полно право реагираме на повиците од страна на радикалните елементи од албанската етничка заедница за создавање ‘голема Албанија’ и повторно земање оружје за остварување на таа нивна утопистичка цел. Кумановските бранители во 2001 година докажаа дека не се плашат да го дадат и својот живот за Македонија, и седуммина од нас, вечна им слава, загинаа во борбите за одбрана на територијалниот суверенитет и интегритет на државата. Имаме потполна доверба во институциите на Република Македонија, кои на свој начин одговараат на овие провокации. Сигурни сме дека вооружените сили на Р Македонија се добро подготвени и спремни да одговорат на секој предизвик. Ние, кумановските бранители, сме подготвени на секој повик на Р Македонија како доброволци да застанеме во првите редови за одбрана на Република Македонија и на нејзините граѓани“.

Кумановските бранители јасно порачуваат – Не сме заборавиле ништо од 2001, а најмалку како се пука“, се вели во реакцијата на бранителите од Куманово, чиј претседател е Предраг Петрушевски Бинго.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1