Гром удрил во авион на Кроација ерлајнз


Вистинска драма се одвивала во авионот на Кроација ерлајнз на летот Загреб – Подгорица, кога во авионот, во кој имало педесетина патници удрил гром. За среќа никој не е повреден.

Патниците виделе како авионот го удира гром, по што се појавил пламен и авион поќнал да се тресе. Во авионот настанала вистинска паниката, врисоци, а стујардесите се обидувале да ги смират патниците.

Иако авионот немал големо оштетување пилотот одлучил принудно да слета на аеродромот во Дубровник. Техничките лица сепак по проверката констатирале дека авионот неможе да го продолжи летот и патниците со автобус биле префрлени до Подгорица.

По комплетната инспелција на авионот била откриена дупка во трупот предизвикана од ударот на громот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1