Реакција на Заев на неговата изјава објавена на Нетпрес


Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, преку соопштение, ја објаснува неговата изјава што денеска ја пренесе порталот Нетпрес.


zoran-zaev– По повод објавениот видео клип на одредени веб портали и медиуми, сакаме да ја информираме јавноста дека разговорот кој се објавува е точен со забелешка дека пукањето се однесува на очекувања кои можат да се случат од страна на владејачката гарнитура која по дрскоста што ја покажа со примена на сила во парламентот најлогично е да следува и пукање по највисоките претставници на опозицијата, соопшти вечерва канцеларијата на градоначалникот Заев.
Оттаму информираат дека утре ќе достават кривична пријава за неовластено снимање на градоначалникот на општина Струмица кој во исто време е и потпретседател на СДСМ.
– Точно е дека реков дека ќе има пукање. И Вам ќе ви повторам: Да, навистина ќе има пукање! После она што се случи во понеделникот пред Собранието, но и во Парламентот, јас очекувам сега навистина да пукаат по нас. Тоа беше смислата на она што го кажав, рекол Зоран Заев во изјавата што ја пренесе неговата канцеларија.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1