Реакција на Заев за кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на СДСМ Зоран Заев во пишана изјава до медиумите реагира во врска со доставените носители на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија.zoran-zaev

Заев оценува дека носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ се, како што вели, огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста и беззаконието. Тоа се луѓе, како што наведува Заев, кои украле над пет милијарди евра пари од граѓаните и кои принудиле над 600 илјади граѓани да ја напуштат државата.

– Овие луѓе, кои принудија над 626.312 луѓе, меѓу нив и ваши деца, да заминат во странство, а вас ве оставија во солзи, немаат намера да ни ги вратат младите во Македонија, туку имаат само еден сон, да владеат. Овие исти луѓе кои 10 години ви ги кршеа соништата не смеат повеќе да владеат. Да ги запреме. Да не ни ги уништуваат домовите и децата. На 11 декември да избереме живот, живот за сите нас во Република Македонија, наведува Заев во пишаната изјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1