Реакција од Детската клиника: Болеста на починатото дете НЕ е од вакцините !


По писмото од мајката на починато детенце која тврди дека лекари од Хрватска и потврдиле дека нејзиниот син ја добил болеста како последица од вакцините со реакција се јавија и од Детската клиника во Скопје каде детенцето било лекувано. Еве што се вели во соопштението.

detska klinika

,, Во однос на изнесените тврдења на мајката за поврзаноста на вакцините, конкретно МРП вакцината со појавата на тумор- неуробластом кај нејзиното дете и во интерес на правилно информирање на јавноста, лекарите од Одделот за онокологија и директорката на Клиниката доц. др Аспазија Софијанова, најодговорно тврдат дека не постои врска помеѓу појавата овој или на било кој друг тумор кај децата и вакцините.

Во конкретниот случај се работи за ембрионален тумор кој се создава  кај детето уште  во утробата на мајката и детето се раѓа со овој тумор, кој може да се открие во период веднаш по раѓањето па до подоцнежна возраст и не постои никаква поврзаност со вакцината која се дава најрано на 13 месеци.

Медицината не забележала и не опишала дека постои било каква врска помеѓу вакцините и појавата на тумори кај децата .Секое поинакво тврдење е неосновано и неточно.

Оддел за онкологија и хематологија

ЈЗУ Клиника за детски болести Скопје

Писмото на мајката може да го прочитате на следниот ЛИНК 

Мајка од Македонија: Синот ми почина и не е повеќе со нас заради вакцината

 

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1