Страотна слика на место на несреќата. Смачкан автобус, лични предмети на патниците околу него, траги од движењето на возилото, сведочат за кобниот ден кога седум патници загинаа на лице место, а седум им подлегнаа на тешките повреди во скопските болници. Уште седум се во критична состојба, а лекарите вложуваат надчовечки напори да им помогнат.
Споделуваме со вас аматерски снимки од извлекувањето на превртениот автобус. Увидот на местото на несреќата е завршен, се очекуваат официјални информации од истрагата, што точно се случило вчера со автобусот.
Од видеото може да се забележи дека автобусот на компанијата „Дурмо турс“ е речиси уништен.