Вселенската мисија „Cassini Solstice“ на Титан, најголемиот сателит на Сатурн, откри нешто што изгледа како „минијатурна“, река, слична на Нил.
Оваа 400 километри долга релјефна катактеристика, е најголемата река откриена досега надвор од нашата планета. Со помош на радарски инструменти, научниците на оваа мисија успеаа да заклучат дека оваа релјефна карактеристика претставува река, затоа што плитката површина во каналот укажува на тоа дека постои течност. Од порано е познато дека на Титан има големи езера, но неговата атмосфера е многу ладна, што значи дека таму не може да се најде вода во течна состојба.
Течностите на Титан се составени од метан и етан. Експертите велат дека откритието на реката на Титан било очекувано. Од „касини“ мисијата веќе од поодамна е утврдено дека постојат големи течни маси, како што се „Ontario Lacus“, езерото на јужната хемисфера на Титан, составено од течен етан.
Титан е доста комплексен и интересен за истражување. Освен спуштањето на сондата „Huygens“ на неговата површина во 2005 година до сега не е направена ниту една друга мисија, а во моментов не постојат планови ниту за идни мисии.