Општина Центар преку соопштение се извини за денешниот инцидент кај ТЦ „Буњаковец„ кога двајца комунални редари ја избркале бабичката која продава бадеми, лешници и малини. Редарите ја превртеле гајбата со производи, а откако жената ги собрала истите ѝ ги искинале кесите со бадеми.
Видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи по што реагираше Општината.
– Општина Центар се извинува за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секоторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.
Општина Центар ќе ги преземе сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени.
Нагласуваме дека вакво однесување кон граѓаните нема да дозволиме бидејќи и избраните лица и општинската администрација работат и ќе работат во интерес на сите жители на Центар, соопшти Општината.