76 мртви и 1276 исчезнати во најголемиот пожар во Калифорнија


Бројот на мртвите во најпогубниот пожар во Калифорнија се искачи на 76, но се стравува дека конечниот биланс би бил неколку стотици загинати зошто пријавени како исчезнати се дури 1.276.

Форензичките тимови кои ги пребаруваат јагленисаните урнатини пронајдоа уште 5 жртви, со што бројот на мртви порасна на најмалку 76, од кои 63 се идентификувани, со тоа што се чека потврда на ДНК анализите, соопштија властите.

Шефот на округот Бјут Кори Хонеа, соопшти дека бројот на исчезнати порасна после ажурирањето на информациите добиени во текот на повикот од граѓаните во првите часови од пожарот, кој изби на 8 ноември. Според неговите зборови, официјалните лице ја ревидирале листата на изчезнати за да проверат дали можеби некои имиња се дуплирани, при што околу 380 лица се лоцирани и тргнати од таа листа уште во петокот.

„Голем напредок е постигнат во врска со тоа, но и натаму тоа се сурови податоци“, рече шерифот на конференцијата за новинари.

Тој тоа го изјави откако американскиот претседател Доналд Трамп го посети Парадајс, мала заедница која се наоѓа на 280 километри од Сан Франциско и во која живеат околу 27.000 луѓе пред пожарот „Кемп“ целосно да ја проголта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1