Референдум за фасадата на ГТЦ на 26 април


Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ ја доби поддршката од општина Центар во идејата за одржување на референдум на 26 април, на која граѓаните ќе одлучат за натамошната судбина на Градскиот трговски центар. „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“, ова е референдумското прашање на кое што со ЗА и ПРОТИВ треба да се изјаснат жителите на општина Центар. Градоначалникот на општината денеска информираше дека до општинскиот Совет поднел предлог – одлука за распишување на референдум на локално ниво.trgovski

Одржувањето на референдумот во општина Центар ќе чини помеѓу 2 и 3 милиони денари, што е многу помала сума од онаа што е планирана за изведба на „барокната“ фасада на Градскиот трговски центар. Градоначалникот Жерновски посочи дека очекува скопскиот градоначалник Коце Трајановски да го поддржи одржувањето на референдумот за да се слушне и спроведе волјата на граѓаните. Првиот човек на општина Центар нагласува дека во европските земји референдумот е нормална работа и дека во Германија годишно има повеќе од 200 референдуми, додека во Хрватска се одржуваа десеттина референдуми годишно.

За поднесената Предлог – одлука за распишување на референдум треба најпрво да се изјаснат советниците од Советот на општина Центар. Во следната фаза, на денот на гласање треба да излезат минимум половина од вкупниот број граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список на општина Центар, при што мнозинството граѓани треба да гласаат за зачувување на постоечкиот изглед на Градскиот трговски центар. Од општина Центар посочуваат дека одлуката на референдумот е задолжителна. Советот на општина Центар  е должен во рок од 60 дена по изјаснувањето да донесе одлука за утврдување на изгледот на фасадата на ГТЦ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1