Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Груевски


Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ вечерва упати порака до лидерот на партијата Никола Груевски да поднесе оставка и да овозможи демократски процес во партијата и одржување демократски конгрес на кој членовите слободно ќе го изберат својот нов лидер.

Александар Михајловски од рефармоторското крило на ВМРО-ДПМНЕ упати и порака до СДСМ да се воздржи и вистински да ја практикува демократијата без реваншизам кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Михајловски истакна оти партијата претрпела значителен пораз на овие шести по ред локални избори во Република Македонија.

– Времето на груевизмот во ВМРО-ДПМНЕ и во Република Македонија заврши. Со иницијативата што ја покренавме пред четири месеци излеговме за да го спречиме токму ова, токму овој пораз на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски не ја препозна историската димензија на внатрепартиската иницијатива која ќе придонесеше партијата да биде подобро подготвена за овие избори – истакна Михајловски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1