Регистар на педофили во Македонија – по име презиме и адреса


Во Македонија од 2012 година постои регистар на педофили, со кој на интернет адресата на регистарот, може да направите пребарување по име презиме и по адресаzlostavljanje-dece-pedofilija-maltretiranje-hapsenje-620x350-43814

-Посебниот регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, координиран од страна на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, кој се води во ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, овозможува пристап до одредени информации за сите осуденици за овие кривични дела. Оваа страна преку едноставно пребарување на крајниот корисник му овозможува пристап до листа на сите осудени лица за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија во која се содржани податоци за населеното место, општината и улицата на која живеат овие лица. Исто така, обезбедени се и информации со цел превенција на педофилијата, како и линкови кои би ги збогатиле Вашитe знаења за начините како би можело ваквото злосторство да се спречи- стои на страната на Регистарот.

Воведувањето на регистарот во 2012 година предизвика лавина реакции од дел од невладините организации кои тврдеа дека со јавниот регистар им се нарушувале човековите прав. По интервенција на Уставниот суд , законот беше ревидиран.

Поведувањето на постапката е затоа што Судот смета дека членот 5, во ставовите 2 и 3 не е доволно прецизен бидејќи се навлегува во личниот и семејниот живот на осуденикот и членовите на неговото семејство, како и во личниот и семејниот живот на жртвата.

На почетокот во регистарот беа наведени стотина имиња, меѓу кои и на четири жени.

-Во период од две ипол години, колку што се води, Регистарот го посетиле околу 280.000 граѓани и поради тоа сметаме дека неговото постоење е целисходно и оти овозможува заштита и превенција и на децата и поголема информираност на родителите- рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при собраниската процедура за законската измена.

Според законот донесен во 2012 година, во регистарот се објавуваа имињата и фотографиите на осудените педофили на веб-сајт кој секој може да го посети. Спротивно од ова, таквите одредби од законот, според Уставниот суд, немаат уставна основа, со оглед дека со член 18 од Уставот се гарантира тајноста на личните податоци, а со член 25 се гарантира личниот и семејниот живот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1