Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5).
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (88)
- Дебар (40) – од кои 1 починат
- Куманово (8) – од кои 1 починат
- Штип (7)
- Кавадарци (2)
- Охрид (2)
- Гостивар (1)
Поради собирање на податоците до 12:00 часот, соопштението со детален извештај ќе биде испорачано секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот.