Регулаторна одби да ја зголеми цената за парното – Топлификација ги врати лиценците


Топлификација ги врати лиценците за снабдување,производство и дистрибуција на топлинска енергија откако Регулаторна одбила да ја зголеми цената на парното, пишува дневник.

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) вчера објави огласи со кои се бараат фирми за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија, односно за дејностите со кои се занимава „Топлификација“.

Како што пишува Дневник причина за огласувањето е што Регулаторна добила по писмен пат од од сите фирми кои се дел од групацијата „Типлификација“ за откажување од лиценците.

Според весникот причина е што регулаторна ги одбила да ја покачи цената на парното, а тие работеле неликвидно.

Во најновите огласи на РКЕ, се нудат лиценци за производство и дистрибуција кои се за период од 35 години, а онаа за снабдување е со важност од 10 години. Во тој период треба да се покријат со парно греење скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром и Гази Баба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1