Река на страв и трепет: Навидум обична, но во неа можете да умрете (Видео)


Кога ќе кажеме “мала бара полна со крокодили”, тоа најчесто и не го мислиме во буквална смисла, меѓутоа, сега имаме и вистински доказ дека може во потполност да ѝ се верува на оваа изрека. Кога се работи за “сезонската река” Вишвамитри во Индија, која често знае да пресуши како резултат на високите температури, тој израз е како створен само за неа.

Она по што е позната и поради што многумина се плашат да ѝ пријдат одблиску се крокодилите, чиј број изнесува повеќе од 260.reka-strava

Иако многу жители од околните села и градови се често опоменати да не му се приближуваат на нејзиното речно корито, тие тој добронамерен совет очигледно тие и не го слушаат. Па така, една жена и нејзината ќерка замалку не настрадале кога крокодил им рипнал од водата и ја зграбил едната од нив за нога. Секако, и тие, како и сите останати, биле опоменати за ваквите ситуации.

Секоја година се случува барем една ваква или слична ситуација, па така, минатата година покрај ова река бил забележан крокодил долг повеќе од три метра. Оваа ситуација предизвикала паника помеѓу луѓето бидејќи постојат сомнежи дека овој рептил убил стока токму во таа област.

Токму овој видео запис ќе ви прикаже како изгледа реката и нејзиното крајбрежје кое е преполно со крокодили:

Реката Вишвамитри сега има за 30 отсто повеќе крокодили отколку во 2011-тата година, што многу луѓе ширум земјата, но и вон нејзините граници ги заплашува. Некои сметаат дека оваа бројка е значајно зголемена поради тоа што сите отпадни материи, ѓубрето и остатоците од храна се фрлаат токму во водата, па крокодилите имаат одлични услови за да се размножуваат и хранат на многу полесен начин.

Откако властите го опоменале населението, тие се организирале за долж крајбрежјето на реката да се развие систем за заштита од крокодили, како тие не би можеле да пристапат подалеку од водата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1