Река негира дека нарачал и снимил заедничко видео со Силјановска


Од штабот на кандидатот за претседател Блерим Река, се огласија за видеото со Гордана Силјановска Давкова.

– Ова видео не е производство на штабот на Река, ниту нарачано, не е објавено на нашата официјална страница, туку автор е Другата страна на политиката, а на поканата одговори нашиот кандидат, не и Стево Пендаровски, велат од таму, пренесе А1.он.

Со соопштението ја негираат секоја инсинуација против претседателскиот кандидат кој наводно има видео со Силјановска.

Претходно Силјановска го сподели видеото:

– Пред вечерашната дебата на “Алсат”, сакам да споделам со вас едно видео, за мене лично, многу драго. Јас и мојот противкандидат Блерим во интервју за “Другата страна на политиката”. Нивната идеја беше да го пронајдат човекот во нас, претседателските кандидати, а не политичарот, напиша таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1