Сѐ уште актуелната министерска за образование и наука, Рената Дескоска, потврди дека токму Арбр Адеми од редовите на ДУИ ќе биде нејзиниот наследник, односно нов министер.
Поранешниот амбасаор во Данска, Асаф Адеми од движењето БЕСА на Африм Гаши, ќе биде новиот министер за култура, објави Телма. Оваа информација ја потврдиле и од БЕСА, кои го номинираат за позицијата на сегашниот министер за култура, Робер Алаѓозовски.
Во јавноста се шпекулира дека нови министри – заменици ќе добијат и МНР како и Министерството за труд и социјала.
Од ДПА објавија дека министер без ресор задолжен за странски инвестиции ќе биде предложен Бардул Даути, а заменик-министер во Министерството за транспорт и врски ќе биде Мусадик Беќири.
Премиерот Зоран Зав не ги отри имињата на останатите функционери кои ќе бидат дел од реконструкцијата на Владата, но најави дека списокот утре ќе биде доставен до Собранието, а до крајот на месецот неговите предлози ќе бидат ставени на дневен ред пред пратениците.