Рекордни горештини: На Сибир измерени 32 степени!


Sun

Нориљск е град во северен Сибир со 175.000 жители. Овој град е еден од најсеверните од сите градови на Земјата, кој брои повеќе од 100.000 жители.

На 22 јули 2013 година во овој град е измерена рекордно висока температура од 32 степени целзиусови. Веројатно станува збор за највисока температура од кога и да било во тој предел.

Досегашниот рекорд за Нориљск бил 31 степен. Просечната максимална температура во јули е 18.2 степени. Снежната прекривка во овој град во просек се задржува од 250 до 270 денови годишно.

Минатата недела било екстремно топло во средишните делови на арктичка Русија. Температурите биле од 10 од 15 степени повисоки од просечните.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1