Ректорот Јанкуловски нема кривично да се гони


Јавното обвинителство ја отфрли иницијативата за поведување постапка за кривично гонење поднесена од антикорупциската комисија против ректорот на универзитетот „Св. Кирил и методиј“ – Скопје.

Антикорупциска во август соопшти дека ректорот Никола Јанкуловски, земал две плати, една од клиниката за дигестивна хирургија и една како ректор на УКИМ. Било утврдено дека по изборот како ректор, тој не го ставил во мирување своето работно место на дигестивна хирургија, а согласно законот требало.

По спроведената предистражна постапка, надлежен јавен обвинител констатирал дека нема основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела – злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и несовесно работење во службата.

-По стапувањето на функцијата ректор на универзитетот, согласно закон и склучен договор со универзитетскиот сенат, Јанкуловски за ангажманот добива соодветен функционален надоместок, кој не може да се третира како плата , соопшти обвинителството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1