Пратеничката Фросина Ременски Ташевска имала два телефона, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен бил нов односно почнала да го користи на 11-ти јули, четири дена пред почетокот на истрагата за „Рекет“, дознава „Телма“.
Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите. Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката.
Пратеничката Ременски не смее да го напушта Скопје, одлучи судот по барање на обвинителството во истрагата за парите меѓу кои и оние 720 илјади евра дадени од Силјан Мицевски.