„Република“ Вевчани доби регистарски таблички


Од први септември жителите на Општина Вевчани ќе добијат можност да извадат регистарски таблички со ознаката VV.

vevcani tablickiНовото регистрациско подрачје Вевчани – со ознака VV, што го опфаќа регионот на вевчанската општина, се воведува со изготвените измени на Правилникот на регистрациските подрачја, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Со измените на Правилникот, што стапија во сила на 1 март годинава, беа воведени шест нови регистрациски подрачја за возилата (БЕРОВО -BE, ДЕЛЧЕВО-DE, ВИНИЦА-VI, НЕГОТИНО-NE, РЕСЕН-RE и СВЕТИ НИКОЛЕ-SN) со што вкупниот број од постоечките 17 во 2009 година се зголеми на 23.

Во Правилникот за регистрациските подрачја за возилата и нивните ознаки пред ТИЕ измени беа додадени и регистрациските подрачја: Гевгелија,-GE Кавадарци-KA, Кичево-KI, Кочани-KO, Крива Паланка-KP, Радовиш-RA и Струга-SU. Постоечки регистарски ознаки пред воведувањето на измените во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивните ознаки беа: Битола-BT, Велес-VE, Гостивар-GV, Куманово-KU, Охрид-OH, Прилеп-PP, Скопје-SK, Струмица-SR, Тетово-TE и Штип-ŠT

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1