Мистеријата на викиншкиот код стар 900 години, конечно е решена.
Кодот Јотувилур долго време ги збунуваше рунолозите (експертите за рунски алфабет), затоа што е пронајден на околу 80 нордиски записи, па се сметало дека „пробивањето“ на кодот би можело да даде увид во викиншките тајни, објави сајтот „Гардијан“.
Меѓутоа, него конечно го проби Јонас Нордби, рунолог од Универзитетот во Осло.
– За дешифрирањето на кодот јотунилор потребно е да се замени руната со последниот гласот од името на таа руна. На пример руната со која се означува буквата ‘f и се чита ‘fe’ со кодот се претвора во ‘e’, додека руната за буквата ‘k’ се чита како ‘kaun’ станува ‘n’, објасни Нордби во интервју за сајтот Forskning.no.
Криптолозите претходно сметале дека овој код се користи за пренесување тајни пораки, но Нордби мисли дека тој е користен за учење на руни и за помнење на редоследот на буквите во алфабета.
– Нема многу причини да веруваме дека во нив се криеле чувствителни пораки. Луѓето често на тој начин пишувале куси пораки, рече Нордби.
Така е откриено дека значењето на една од пораките напишани со овој код, која долго време ги збунуваше експертите е многу едноставна и гласи: „Бакни ме“.
Со Нордби се согласува и шведскиот експерт, Хенрик Вилијамс од Универзитетот во Упсал.
– Со разбирањето на кодовите се доближуваме кон луѓето кои живееле во тоа време. Нордби со ова пробивање дојде до важно откритие, рече Вилијамс