Срамота: Американците не знаат дека Земјата се врти околу сонцето


Неодамнешното истражување покажа дека, една од најнапредните нации на полето на науката, голем број Американци не ги знаат основните факти за природата.

earth_06122012Анкетата спроведена од Националната фондација за наука, при што се испитани повеќе од 2.200 луѓе, откри дека дури секој четврто жител на САД не знае дека Земајта се врти околу Сонцето.

На испитаниците им биле поставени десет прашања од областа на физиката и на биологијата, а точно одговориле само 6,5 проценти, што е мала преодна оценка.

Само 74 отсто од испитаниците знаеле дека Земјата се врти околу Сонцето, а помалку од половина дека човекот еволуирал од претходните видови животни.

Анкетата се спроведува секоја втора година, а резултатите ќе бидат поднесени до американскиот претседател Барак Обама и до Конгресот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1